Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во неговото интервју на Клик Плус на ТВ 21 изјави дека Македонија и Бугарија треба да ја дeфинираат заедничката историја како и Гоце Делчев и другите историски епохи, а не да се гледа само од една или друга страна.
– Тој договор е успешен договор, тој мора да живее меѓу народите на двете земји. Во тие два народи кои се спомнуваат внатре има заедничка историја, таа треба да ја дефинираме, треба да ги негуваме заедничките вредности и на Гоце Делчев и на другите историски епохи, а не само на едната страна или на другата. Верувам дека ќе најдеме договор, изјави Заев.
Според него интерес на бугарскиот народ се нашите евроинтеграции, но и да се решаваат отворените прашања, а само тој покажал дека може да решава такви прашања.
– Бугарија се бори за нас и сака да се решаваат и следните поглавја од историските прашања кои се пред нас и тука е наративот. Од премиерот Борисов до министерката Захариева и сите нивни репрезенти, рече Заев