Македонија 10. јуни 2020. / 14:12

Вархеји денеска на линија со Заев и Мицкоски за изборите

Вархеји денеска на линија со Заев и Мицкоски за изборите

Се отвора канал на комуникација меѓу Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и Зоран Заев, претседателот на СДСМ. Преку Брисел. Денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе има телефонски разговор со Заев и Мицкоски, на тема датум за избори, дознава МКД.мк од извори во Брисел.

Од пред крајот на минатиот месец, прекината е комуникацијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на тема датум за предвремени парламентарни избори. Тогаш лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски изјави дека откако значително се влошила ситуацијата со коронавирусот не функционира повеќе „каналот за комуникација“ меѓу партиите во однос на изборите.

Од СДСМ и денеска информираат дека изборите ќе се одржат на 5 јули. Нема најави и за можна лидерска средба. Владата оценува дека нема потреба од повторно воведување вонредна состојба.

Сепак, од партиски извори дознаваме дека е можен договор датумот за избори да биде некаде кон средината на јули.