Македонија 20. јуни 2018. / 12:34

Ванковска: Владата има дозвола за убивање

Ванковска: Владата има дозвола за убивање

Професорката Билјана Ванковска кој е редовен учесник на протестите против промена на името, прашува што ќе се случеше ако за време на Шарената Револуција полицијата употребеше таква полициска бруталност со шок бомби и солзавец, и дека нејзиото чувство е дека оваа влада на СДСМ има дозвола за убивање, нејзиниот Фејсбук статус ви го пренесуваме во целост

“Замислете неделната полициска интервенција со 36 шок бомби и солзавец фрлен дури и во ГТЦ да се случеше во време на Шарената револуција! Какви ќе беа реакциите на медиумите, НВО активистите и на странците? Ова е реторичко прашање! Имам чувство дека оваа власт, овој режим, има licence to kill од меѓународната! Домашниве аналитичари и активисти се или тивки или оправдуваат полициска бруталност или, во најлош случај, се загрижени за полицајците (оние од ЕБР, заштитени со маски, шлемови и штитови)! Да имавме опозиција сега ќе имаше барање интерпелација за Оливер Спасовски! Страховлада!”