Канал 5 дознава дека разговорите за техничката влада започнуваат утре во 16 часот со средба во Собранието на Македонија меѓу претседателите на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Еден час потоа во Влада премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
Заев и Мицкоски ќе се договорат околу кадровските решенија за техничката влада.