Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека во вторник министерствата на Македонија и Германија ќе потпишат декларација за признавање на возачките дозволи.
– Во вторник ќе биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, напиша Спасовски.
Договори за реципрочно признавање на возачките дозволи Македонија има склучено само со Италија, Шпанија, Албанија и Босна и Херцеговина. Договорот што ќе биде потпишан во вторник ќе стапи на сила веднаш.