Македонија 22. јули 2018. / 12:24

Утре лидерска средба – ќе се прават напори за консензус за стратешките прашања

Утре лидерска средба – ќе се прават напори за консензус за стратешките прашања

Утре во потесен состав партиските лидери ќе се обидат да најдат консензус за стратешките прашања од кои фокусот ќе биде на формирањето на ДИК и претстојниот референдум кој според најавите ќе се одржи наесен.

Вчера и вицепремиерот Османи искажа оптимизам по повод средбата на која ќе присуствуваат лидерите на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и едно од крилата на Беса, Зоран Заев, Али Ахмети, Христијан Мицкоски и Билал Касами.

„Продолжението од лидерската средба во потесен состав е закажано за в понеделник во 9 часот и се надевам дека ќе најдеме решение за стратешките прашања“- кажа Османи како главен преговорач во скрининг процесот со ЕУ.