Македонија 27. август 2020. / 12:04

Уште не реизбран, Заев со нов гаф – Новата Влада ќе влече или ќе води напред?!

Уште не реизбран, Заев со нов гаф – Новата Влада ќе влече или ќе води напред?!

Со многу помпа и нескриена доза на театар на отворено, мандатарот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера го достави до Собранието предлогот за составот на новата Влада, што треба да биде избрана в сабота. Но, некако незабележан остана во јавноста првиот гаф, што го направи во својот говор стариот Зоран Заев.

И, за волја на вистината, овојпат неговиот пи-ар како да ја увиде „утката“, па денеска преку партиско соопштение ја исправи.

Најавувајќи ги приоритетите на новиот владин кабинет, Заев, меѓу другото, изјави:

-Денеска како мандатар до Собранието доставувам предлог за Влада која е подготвена да сработи во полн четиригодишен мандат. Со мене денес се 19 министри и министерки – сите заедно се обврфзуваме дека ЌЕ ВЛЕЧЕМЕ НАПРЕД, секој ден, секој час – дека ќе работиме уште повеќе и подобро и дека ќе побараме од секој од вас, од секој граѓанин уште поголемо учество. Ајде, сите заедно да ги удвоиме напорите и да го направиме секое населено место од земјата подобра средина за живеење.

Значи, Заев вели дека тој и неговите министри ќе влечат напред.

Меѓутоа, настрана споредбата со неговата изјава за ставање сидро кое што ќе влече напред, алудирајќи на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, ако се погледне Дигиталниот речник на македонскиот јазик ќе се види дека значењето на глаголот влече има сосема поинакво значење од тоа што сакаше да му го даде Заев.

За негова жал, глаголот влече значи нешто чисто спротивно од тоа што га најави мандатарот. А, во дигиталниот речник се дадени дури 12 значења со соодветни примери. И, еве, ќе ги наведеме:

1.Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината-пример Ловецот го влечеше отепаниот волк по снегот.

2.Трга кон себе-пример Детето ја влечеше мајка си за унечка.

3.Носи со својот тек, водотек-пример Реката влече дрвја и камења.

4.Носи со себе ваму, таму-пример Го влече детено сегде со себе.

5.Тешко, отежнато се движи-пример Тој ја влече десната нога.

6.Вовлекува, трга навнатре-пример Изморените патници ги влечат првите чадови и молчат или Овој оџак добро влече.

7.Повлекува, исцртува-пример Учениците влечеа со линијарот прави линии по белата хартија.

8.Извлекува-пример Влече карта од шпилот.

9.(се влече) Тешко, споро се движи, ползи, лази-пример Ранетиот се влечеше.

10.Се движи бавно-пример Облаците се движеа по сртот на планината.

11.(се влече) Се движи не одвојувајќи се од поврѓината-пример Фустанот на невестата се влечеше по калниот пат.

12.(се влече) Е во љубовна врска со некого, подолго време-пример Се влече со неа три години.

Оттука, употребата на глаголот влече од страна на Заев е чист гаф, освен ако, се разбира, не мислел на вистинското значење, што пак според Дигиталниот речник значи бавно, споро движење или интерес само за личните потреби.

Во денешното партиско соопштение на СДСМ, пак, посветено на задачите на новата Влада не се користи глаголот влече, туку терминот води напред. И несвршениот глагол води во Дигиталниот речник има дури 15 значења, ама барем е точен од аспект на тоа што вчера сакаше да го каже мандатарот Заев. Иако останува нејасно дали новата Влада ќе влече или ќе води напред?! Зашто, кога станува збор за Зоран Заев се е можно.

=