Времен мораториум за градба на нови објекти како и донесување и спроведување на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти изгласа денеска Советот на општина Охрид, како дел од препораките на УНЕСКО, за регионот околу Охридското езеро да го задржи светскиот статус кој го има од 1980 година. Со акцискиот план се предвидува и отстранувањето на бесправно изградените објекти во заштитениот појас, но од средината на 2021 година, објави АлсатМ.
Голем дел од угостителски објекти покрај целото Охридско крајбрежје веќе добиле решенија од општината, до септември оваа година да ги отстранат, но само изградените платформи во езерото. Дел од угостителите ни ја потврдија веста.
– Во исто време времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат за издавање на одобренија за градење, одбренија за надграба и одобренија за доградба. Сите постапки со добиено правосилно одобрение за градење можат да продолжат со реализација. – рече Константин Ѓеорѓиевски- градоначалник на Охрид.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е можеби доцна до 2021 година да се чека за уривање на дивоградбите кои во Охрид ги има повеќе од 1400, од кои 409 во заштитениот појас.
– Со самото изготвување на регистарот може одма да се почне со работа во однос на дивоградбите. Дали мораториумот е правилно или не незнам, зборувам за генералниот мораторим, но факт е дека од некаде мора да се почне.Тој мораториум ќе донесе експресно изготвување на урбанистички планови во оние средини каде имаме проблем со дивоградби и ќе се стави ред во градењето во оној појас кој е важен за УНЕСКО. – изјави Кирил Пецакоски-советник ВМРО ДПМНЕ.
Една од најспоменуваните градби во Охрид во јавноста, а за која се тврди дека е дивоградба е терасата на пицеријата на советникот од ДУИ и бизнисмен Нефи Усеини. Тој тврди дека објектот не е дивоградба и оти врз него изминатиот период се вршела постојана политичка хајка. Бара државата и општината да имаат ист третман кон сите.
– Мојата летна тераса не е дивоградба. Мојата летна тераса ги поседува сите потребни документи. Државата и органите на владата на Заев, кога ќе ги сруши сите такви објекти, дивоградби покрај езерото и во Националниот парк Галичица кој е под заштита на Унеско, тогаш јас мојот објект кој ги има сите потребни документи, јас сам ќе го срушам. – рече Нефи Усеини- советник од ДУИ.
До септември оваа година според планот, општина Охрид треба да направи детален попис на сите бесправни градби.
До февруари наредната година, државата и општината треба да одговорат на сите препораки на УНЕСКО од седницата која се одржа во Баку, Азербејџан во јули оваа година. Дали Охрид ке остане под Унеско се ќе зависи од нивното спроведување на дело.
Во меѓу време до септември оваа година според планот, општина Охрид треба да направи детален попис на сите бесправни градби. До февруари наредната година,државата и општината треба да одговорат на сите препораки кои Унеско како забелешки ги даде на седницата која се одржа во Баку, Азербејџан во јули оваа година. Дали Охрид ке остане под Унеско се ќе зависи од нивното спроведување на дело.