Македонија 02. февруари 2020. / 15:39

УМС со пародија пред Владата: Ги најдовме Луј Витон торбите, по бон-тон ги враќаме кај сопственикот

УМС со пародија пред Владата: Ги најдовме Луј Витон торбите, по бон-тон ги враќаме кај сопственикот

Осум торби Луи Витон, во секоја по еден милион евра Рекет, денеска беа донесени пред владата за, како што рекоа од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, да се вратат кај сопственикот на тој рекет бидејќи важи правилото за бон тон – изгубеното секогаш се враќа кај сопственикот.

За денешната пародијата пред владата, од УМС изјавија дека торбите се најдени кај Мирчо Свињарникот во Струмица, а дека најголемиот дел од нив припаѓаат кај оној кој највеќе се измачил за овој рекет, „браќата Далтон Зоран и Вице Заев“.

– Од овие рекетирани пари може владата на Зоран Заев да си купи и кичма, бидејќи оваа ја искривија и целосно ја расходуваа. Од рекетираните пари може да си купат и нов мерцедес, зошто овој не го продадоа, а нели мачки и го изгребаа. Од рекетираните пари може да се подмират дури и Рускоска и Кацарска, зошто не бива да се утепуваат од водење прогон, а евро да не припадне за нив. Нека ја копираат Заевата братска делба: евро за Рускоска, евро за Кацарска, порача Валентин Манасиев од УМС.

Шегата настрана, порачаа од УМС, ги оставаме торбите да се спакуваат и да си заминат, а мора да си заминат за да повеќе младите не си заминуваат, за да може младите да ја исправат кичмата која тие ни ја виткаат. За да може да се избориме за достоинство, разбирање и шанса која им треба на младите. 12 ти април е одговорот.