Македонија 14. ноември 2018. / 13:09

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Нема никаква трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта ветувани од СДСМ

УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Нема никаква трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта ветувани од СДСМ

-Создавањето услови за спортување и правилен физички развој на младите треба да бидат врвен приоритет за секоја власт, кои се докажуваат единствено преку работа и дела.
Младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени по измината една година локална власт на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски. Нема никаква трага од изградбата на современи спортски и детски игралишта на повеќе локации во градот. На потегот од улиците „Марко Цепенков“ и „Момчило Јорданоски“ во Горна Влашка маала градоначалникот Стојаноски вети фудбалско игралиште, но за жал наместо детски џагор и спортски натпреварувачки дух гледаме обрасната трева и несреден простор,
ова денеска на прес-конференција го истакна Александар Здравевски претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Тој прашува каде се ветените детски игралишта во Центар и Коњско?

Постојните детски игралишта се во лоша состојба, а нема никакви санирања на детското игралиште на улица „Васил Главинов“, ниту пак реконструкција на детското игралиште кај „Стобекс“ во Видобишта. Наместо нови детски игралишта, спортски терени полни со деца и младинци имаме оштетени реквизити, насекаде може да се забележи отпад, како и неискосена трева. Апсолутно никој не се грижи за нивното одржување. Младите за СДСМ и Стојаноски не се ставени на прво место. Тие воопшто не се грижат за интересите на младите. Од спорт, забава и здрав живот за сите – младите во Охрид добија монотонија, кошмар и неживот, потенцира Здравевски.