Вицепремиерката за европски и евроатлантски интеграции на Украина, Ивана Клипуш-Цинцадзе, ја повика Македонија да воведе санкции против Русија.
Ова било побарано на состанокот со премиерот на Македонија Зоран Заев за време на нејзината работна посета на Хрватска.
-Русија не покажува напредок во спроведувањето на резолуциите во врска со воената агресија на Русија против Украина. Неодамнешните акти на провокација од страна на Русија во Азовското Море, лажните избори во Донбас на 11 ноември, нема напредок во ослободувањето на украинските политички затвореници – оваа листа би можела да продолжи , истакнала вице-премиерката.
Таа ја повика Република Македонија, како пријателска земја и кандидат за членство во ЕУ, да воведе санкции против Русија и да се приклучи на европската политика во оваа насока.