Денеска сум овдека на протестот кој што го организира здружението на лозари и овоштари од Тиквешкиот регион на нивна поддршка,рече Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Само за потсетување, Зоран Заев од ова место пред три ипол години ветуваше дека ќе има сигурен пласман, поголеми и високи откупни цени и загарантиран пласман за сите земјоделски производи. Гледаме дека овие три години Зоран Заев само лаже и манипулира со трудот и маката на македонскиот земјоделец, вели Трипуновски и додава дека денеска овдека без срам и перде и чист образ, се појавува министерот да ги убедува земјоделците, оној министер и претходен министер Николовски кој што три години ги манипулираат и секојдневно им вршат притисоци на земјоделците затоа што си ги бараат своите права.
–Ветуваа пласман, нема ништо од тоа. Ветуваа сигурни и повисоки откупни цени, нема ништо од тоа. Денеска сме овдека на овој протест да дадеме поддршка на македонскиот земјоделец, на земјоделецот којшто ја храни Македонија, а не на криминалната влада на Зоран Заев кои работат само за сопствени интереси – рече Трипуновски.
Тој додава дека секојдневно гледаме на пропустите коишто ги прави оваа влада, поготово во секторот земјоделие.
–Јас ќе останам овдека до последно со македонските земјоделци затоа што тие се столбот на македонската економија и државност и нема да попуштиме, си го бараме она што го ветуваа.. Зоран Заев ветуваше брда и планини, нема ништо сега. Сега уживаат во климатизирани канцеларии, а денеска ги нема тука нигде – рече Трипуновски.