Поранешниот новинар Бранко Тричковски, на Фејсбук, повика на ликвидација на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Кил Миц
Можеби е најдобро Мицковски да се убие за секој случај: ако ги изневери вмроните, тоа ќе биде од корист за партијата, ако не ги изневери, тоа ќе биде од полза за Македонија!“
Овие зборови на омраза и повик за ликвидација на лидерот на опозицијата Мицкоски, ги напиша од еден од најгласните поддржувачи на СДСМ, Тричковски.
Тричковски, кој се смета за гласот на СДСМ и власта на Заев, ниту досега не се воздржувал да упати јавни закани и повици за ликвидација на членови, симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, но обвинителството, ниту Јавното ниту Специјалното, не собрале храброст да отворат случај по допрен глас.
Дали после ова ќе ОЈО ќе отвори случај за јавните закани и повици за ликвидација на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски или Бранко Тричковски спаѓа во групата гласноговорници на власта кои се над законот?