Македонија 19. декември 2018. / 17:21

Трагична здравствена политика на СДСМ: Здравјето на граѓаните во рацете на Пановски?

Трагична здравствена политика на СДСМ: Здравјето на граѓаните во рацете на Пановски?

Криминална структура од времето на ВМРО- ДПМНЕ сега владее со македонското здравство пишува висок функционер на СДСМ за порталот на албански јазик InfoMagazin.net.

– Дали здравјето и животите на жителите на Р. Македонија е во рацете на Златко Пановски? 

Здравството ни е во дупка. За жал, сегашните креатори на здравствената политика од страна на СДСМ не престануваат да не закопуваат уште подлабоко. За волја на вистината, СДСМ во целост и доследно ја продолжува трагичната здравствена политика на ВМРО ДПМНЕ, политика која секојдневно го зема својот данок на човечки животи. Какви кадри СДСМ форсира, какви лажни авторитети владеат –  пишува функционерот на СДСМ.

Порталот не го открива името на функционерот на СДСМ кој тврди дека министерот Филипче советник на екс министерот Тодоров, заедно со директорката на Клиниката за Хематологија Ирина Пановска и нејзиниот татко бизнисменот Златко Пановски се дел од структура која што врти стотици милиони евра во здравството.

– Директор на Клиниката за Хематологија е Др. Ирина Пановска, која најдиректно си има конфликт на интереси, затоа што си делат тендери со татко и кој е главен снабдувач на клиниката со цитостатици, а беше тоа и во време на ДПМНЕ кога сегашниот министер Венко Филипче беше советник на Тодоров и чија што основна функција таму беше да го процесира бизнисот на Пановски тежок повеќе милиони евра. Само да подсетиме дека веледрогеријата Пановски е изумител и пионер на паралелниот увоз на лекови, со што на законски начин овозможи набавка и употреба на сомнителни и лажни лекови, пред се цитостати, високо профитабилна пракса со која се загрозило здравјето и се однесени животи на кој знае колку пациенти – пишува функционерот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.