Македонија 09. март 2020. / 18:07

Тотално потфрлање на Филипче против Корона вирусот!

Тотално потфрлање на Филипче против Корона вирусот!

Бес и гнев  во целата македонска јавност предизвика веста дека директорката на Клиниката за кожни болести Нина (Цаца) Билјановска има коронавирус.  Истовремено се појави и  паника меѓу населението по објавените информации дека таа била во контакт со најмалку 200 лица во земјава.  Поради нејзиното  несовесно и неодговорно однесување Билјановска ги  загрози животите на граѓаните и колегите.

До само пред неколку дена, надлежните, на чело со министерот за здравство Венко  Филипче тврдеа дека нема простор за паника и дека состојбата со коронавирусот  е под контрола, а Министерството ги спроведува сите неоходни мерки.

Ако од една страна, како што тврдеше Филипче, состојбата  била под контрола, а од друга страна има доктор/директор кој се однесувал тотално непрофесионално и не ги почитувал препораките, дали тоа значи дека министерот Филипче  тотално потфрлил во  борбата против Коронавирусот?

Зошто докторката, како Директор на клиниката за кожни болести не ги почитувала препораките на  министерот Филипче?  Згора на тоа се заканувала  и на вработените, кои всушност ја пријавиле.

Нејасно и неодговорено останува прашањето – ако имало контрола при влез во земјава,  како  Директорката  Билјановска  по патувањето од Италија  ја поминала контролата и влегла во земјава?

На почетокот од појавата на коронавирусот, здравствени власти уверуваа дека се превземени  сите потребни мерки за превенција, односно дека се следат сите патници при влез во земјава.

На Скопскиот аеродром беше  поставена и термалната камера, како една од  зајакнатите  мерки за рано откривање на опасниот корона вирус .

По ова логично е прашањето, како термалните камери не ја регистрирале директорката и дали овие   термални камери воопшто функционираат?

Дополнително, во јавноста се појавија  и  информации дека Филипче уште од вторникот знаел за присуството на заразата, а директорката непречено се движела.

Токму од  Клубот  на млади лекари сметаат дека мерките на Министерството за Здравство во пракса се прокламативни и само протоколарни и бараат ревизија на истите. Истовремено ги повикуваат надлежните  да постават јасни и прецизни протоколи за постапување во случај на контакт на персоналот со заразено лице.