Македонија ќе биде една од земјите во Европа што последни ќе добијат вакцини против ковид-19 поради неажурноста на Владата, обвинува адвокатот Александар Тортевски.
Како што пишува Тортевски, за навремено да добиеме вакцини, Владата требало до 28 септември да потпише договор за вакцините и да да уплати аванс најдоцна до 9. ноември. Сепак, таквио нешто не е направено во потрбените рокови, а целиот одговор на македонските институции бил да испратат правно необврзувачка изјава за заинтересираност.
-За да обезбеди вакцини Владата до 28.9. морала да потпише правно ОБВРЗУВАЧКИ договор и најдоцна до 9.10. да уплати аванс. Испратиле правно НЕОБРЗУВАЧКА изјава и не го запазиле рокот за плаќање. Резултатот од јавашлукот ќе биде илијадници мртви, стотици илијади заболени и колапс – објави Тортевски.