Македонија 29. март 2018. / 13:06

Тероризам

Тероризам

За да се види колку е „издржана“ квалификацијата за „тероризам… “ за настаните од 27 април ланската година, доволен е овој цитат од вчерашната прес конференција на Јовевски и портпаролката:
„Обвинителството утврди дека обвинетите со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на РМ, да оневозможат избор на претседавач и претседател на Собранието на РМ, предизвикале акт на насилство… и притоа создале чувство на страв и несигурност кај граѓаните… Сите имале иста цел, да се оневозможи натамошното функционирање на новото парламентарно мнозинство и натамошното функционирање на Собранието на РМ“.
Е, ајде сега да почнеме од последната реченица во овој цитат: „Сите имале иста цел, да се спречи натамошното функционирање на новото парламентарно мнозинство…“ Од ова произлегува дека обвинетите имале намера наредните четири години да дежураат таму и да ги спречуваат Заев и Ахмети да формираат коалиција, односно ново парламентарно мнозинство, што изгледа прилично несериозно за еден обвинителен акт за вака тешко дело. Како го утврдиле ова, само тие си знаат. За делот од реченицата кој вели – „да се спречи нормалното функционирање на Собранието на РМ“, не вреди ни да се разговара.
Но врв на се е всушност почетокот каде стои дека обвинетите имале намера да го спречат „изборот на претседавач и претседател на Собранието на РМ“ и со тоа го „загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ“. Одговорот што овде недостига е:
1. Што се случило со претседавачот на Собранието (Трајко Вељановски) кој 30 минути пред тоа го затвори продолжението на седницата за тој ден;
2. Кога тој закажал седница за избор на нов претседавач што обвинетите го спречиле и
3. Која е таа седница кога се стигнало до моментот на гласање за претседател на Собранието, што обвинетите исто така го спречиле.
А, ако немало легално закажана седница на 27 април за избор на претседавач (не ни можело да има зашто таква седница зашто претседавач – Вељановски – веќе имало) и согласно тоа нема легално избран претседател на Собранието, тогаш кој уставен поредок го нарушиле обвинетите?
Дополнителен факт е што Обвинителството мисли на изборот на Горан Мисовски за наводен претседавач и на Талат Џафери за наводен претседател на Собранието, но и тука ја утнало работата, зашто обвинетите влегоа внатре откако Мисовски и Џафери беа избрани, а не пред тоа, на фалсификат седница за која нема и не може да има документи. Како тогаш обвинетите имале намера да спречат Мисовски и Талат да бидат избрани кога тие веќе биле избран, и како го попречиле нормалното функционирање на Собранието, ако тоа, функционирало, што се гледа и од изборот на Џафери кој за Јовевски е легален, останува нејасно. А со тоа и квалификацијата за тероризам со која Обвинителството продолжува срамно да се брука.

Фб. статус на Дарко Јаневски