Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски-Боки 13, денеска седна на обвинителна клупа во Кривичниот суд, поради физички напад на попот Виктор Стојчев, објави Фокус.
Откако обвинителката го прочита обвинителниот акт, Јовановски пред судот се изјасни за вина.
–Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото, рече Јовановски, кој се воздржа да каже се што сакаше пред судот, и неволно рече „добро го признавам делото во целост“.
Оштетениот Стојчев пак рече дека пријавува оштетно побарување.
Судењето е во тек.