Македонија 01. јануари 2020. / 21:53

Талат Џафери: Не исклучуваме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Талат Џафери: Не исклучуваме коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Собранието и висок функционер на ДУИ, Талат Џафери, во интервју за најчитаниот македонски весник на албански јазик, КОХА, не ја исклучува можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан “Дали се уште за ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ е исклучена опција за партнер за идна владина коалиција?”, Џафери одговари:

Не сум слушнал некој од политичките партии, од тие кој се актуелни на политичкиот парламентарен живот, ВМРО да е исклучен за некој од албанските партии. Тие работи ги одредува гласачот. Во вербален котекст, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со ставот дека не го признават Преседателот на Собранието, но во функсионална смисла- имаме секојдневна комуникација, вели Џафери во новогодишното инервју за КОХА.