Македонија 18. мај 2020. / 14:30

Таксист е новиот заразен со Ковид-19 во Штип

Таксист е новиот заразен со Ковид-19 во Штип

Штипјанец, кој вози такси, со симптоми на корона вирусот, а потоа и со позитивен тест е примен на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

Информацијата за порталот „ММС“ ја потврдиле во Центарот за јавно здравје во Штип, каде се обидуваат да ги лоцираат сите негови контакти.

Заболениот не работел неколку дена, откако ги почувствувал симптомите. Меѓутоа, колку време бил инфективен, тешко е да се каже. Човекот бил прилично комуникативен, а неговата сопруга е медицинско лице, но се тврди дека носела постојано заштитна облека во ординацијата каде што  работи.

Од изутрината веста за заболениот таксист го обиколи градот.