Македонија 17. ноември 2020. / 10:56

Сведоштва и писма до Филипче кои ја разголуваат мизеријата во здравството, Филипче не размислува за оставка

Сведоштва и писма до Филипче кои ја разголуваат мизеријата во здравството, Филипче не размислува за оставка

Деновиве на социјалните мрежи и во медиумите сѐ почесто се пренесуваат негативни искуства и сведоштва на пациенти и нивните семејства за условите во кои се третираат пациентите, како и односот на медицинскиот персонал.

Бројките на новозаболени од Ковид-19 и починати секој ден се се повисоки, вчера беа регистрирани рекордни 40 смртни случаи како последица на висусот, а министерот за здравство Венко Филипче, секојдневно повторува дека ситуацијата е под контрола.

Дека системот потфрла и дека ситуацијата не е под контрола сведочи скопјанка чиј 40-годишен брат е приклучен на респиратор.

„Венко Филипче  повели, дојди, посети ги децата, па така смирено увери ги дека „се е под контрола“ и дека повторно ќе бидат во прегратките на својот татко, бидејќи ние не знаеме како тоа да го сториме, а ти си умешен во убедувањето „се е под контрола“.
На нас, фамилијата, која со денови го гледа хорор филмот, кажете ни дека пациентите доцна се јавуваат на лекар!!!!!
Имено, според убиствените протоколи кои се донесени, е постапено пријавувањето во ГОБ , каде што со мал наод на белите дробови и „не е страшно“, вратен на домашно лекување, за утредента на Инфективна клиника да биде критично, а за само 4 дена во Клинички центар, да се бара спас во приватна клиника.
Не, не Венко, пациентот не е јавен доцна, туку пациентите се хоспилтализираат предоцна поради хаваријата на здравствениот систем“, пишува во дел од објавата на „Фејсбук“.

Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не…

Posted by Tanja Burnik on Monday, November 16, 2020

Ништо не е под контрола, се вели во написот, напротив, твоето „се е под контрола“ убива луѓе.

Но тоа не е единствениот случај што ја отсликува реалната слика на здравствениот систем.

Пациентката починала како последица од Ковид-19, а иако се обидувала да добие помош од медицинскиот персонал и кислород никој не одговорил на нејзините повици.

Во Штип почина 41-годишна жена којашто молела за кислород, а никој од медициснкиот персонал не и помогнал.

Пациентката која била хоспитализирана во штипската болница вртела на телефонскиоте броеви на медицинските сестри и на докторите за да добие третман. Десетпати се обидела да ги добие телефонски, а кога никој не одговарал преку порака им кажала дека е потребен кислород. Неуспешните обиди на хоспитализиран пациент да добијат медицинска помош, ја отсликуваат вистинската за слика за хаосот во здравството.

Господине Венко Филипче,
И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под…

Posted by Михаела Довичинска on Sunday, November 15, 2020

И после ваквиот случај кој не е единствен, Филипче повторува дека ситуацијата е под контрола, здравствениот систем секојдневно се менаџира, а медицинскиот персонал е целосно мобилизиран.

Примерите што го побиваат тоа тврење на Филипче се сѐ побројни.

Телевизија Клан исто така објави видео на коешто пациент во истата болница кадешто почина пациентката на 41-годишна возраст што молеше за кислород, моли за шише вода. А на видеото од речиси две минути медицински персонал не се забележува ниту еднаш.

Пациентот сведочи дека од медицинското лице со кое разговарал не добил вода, ниту пак му бил обезбеден третман и покрај тоа што има друго заболување.

„Што треба да правам, да убијам за шише вода?“, прашува пациентот.

Овие три примери се само дел од многуте сведоштва на пациенти и нивните семејства кои секојдневно се соочуваат со мизеријата и неподговеноста на здравствениот систем да се соочи со предизвикот што го наметна епидемијата.

Министерот за здравство Венко Филипче, сепак не чувствува одговорност за да поднесе оставка која од него ја бара опозицијата и не отстапува од ставот дека од почетокот на кризата целиот тим работи професионално.