Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го честита завршувањета на процесот на ратификација на членството на Македонија во Алијансата од сите 29 земји членки.
Шпанскиот сенат само што го ратификуваше зачленувањето на Северна Македонија во НАТО. Со тоа, сите сојузници и рекоа добредојде на нашата скорешна 30. членка. Честито, Северна Македонија., напиша Столтенберг на „Твитер“
The Spanish Senate has just ratified North Macedonia’s accession to #NATO. With that, all Allies have welcomed our soon-to-be 30th member. Congratulations, North Macedonia! pic.twitter.com/3wEQiFawiC
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 17, 2020
Попладнето шпанскиот Сенат, преку видеоконференциска седница, со гласање од далечина, го ратификува протоколот за влез на земјава во НАТО. Сега кралот на Шпанија треба да го потпише законот за ратификација и тој треба да биде депониран во американскиот Стејт Департмент.
Потоа, и земјава треба да го депонира ратификацискиот инструмент за Северноатлантскиот договор, со што ќе завршат сите формалности за официјализирање на полноправното членство на Северна Македонија во Северноатлантската Алијанса.