Можеме да видиме дека првиот човек на РКЕ и другите институции се глуви на барањата на граѓаните. Ние како пратеници на опозицијата секогаш ќе бидеме на линија на барањата на граѓаните, изјави Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, непосредно пред стартот на протестите против покачување на струјата.
Побаравме и надзорна расправа за поскапување на струјата во Собранието и поканет е и претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски да објасни на што се должи покачувањето на цената на струјата. Треба малку повеќе да слушаат што говори народот, лесно е да се поскапува струјата кога земате плата од неколку илјадници евра, но од друга страна народот си знае како поминува, изјави Бојан Стојановски во вестите на Алфа ТВ.