Почитуван Министре, деновиве го повикавте ВМРО-ДПМНЕ, цитирам „да учествува и да ја следи работата на сите работни тела вклучени во проектот за изградба на нов клинички центар“. Како што веќе се информиравте, доцна е во овој момент и во оваа фаза да не повикувате. Доколку искрено сакавте наше мислење, ќе не консултиравте кога го поништувавте веќе готовиот постоечки проект, а не сега, post festum, кога веќе си одлучивте Вие што сакате да правите. Зошто не повикувате сега? Дали можеби за да Ви бидеме алиби?, прашува Синиша Стојаноски, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Обракајќи се до министерот за здравство Венко Филипче, Стојаноски го повикува на дебата. И не само него туку и другите политики чинители.
–Почитуван Министре, имаме многу теми за разговор. Ајде наместо задкулисно и далеку од очите на јавноста, скриени по таканаречените „работни тела за новиот клинички“ да разговараме и дебатираме без ракавици и пред очите на јавноста. Јавноста треба и има право да биде запознаена!!! Да ги вкрстиме фактите и аргументите. Доста беа гостувања во кои сами држите монолог и предавања со водител на телевизиска емисија и со однапред договорени прашања. Затоа сега ве повикуваме Вас и вашиот заменик, или всушност одберете си кого Вие милувате, во формат 2:2, или уште подобро, отворете широка дебата на која ќе ги поканите и останатите политички субјекти. Така е фер, и така е правилно. На крајот на денот, не е клиничкиот центар ексклузивитет ниту на СДС, ниту пак на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Стојаноски.
Претседателот на Комисјата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ напоменува дека имате премногу отворени горливи прашања и теми, премногу дали, а премалку одговори.
–За време на вашето министерување се изнаслушавме за “грандиозни и фамозни” проекти (дел од нив превземени од ВМРО-ДПМНЕ што донекаде ви е и легитимно…..бевте советник во предходниот состав), за дискутабилни, нелогични и во најмала рака сомнителни тендери , за пропаднати тендери итн…..Кога сме веќе кај новиот клинички центар, се поставува јасно и гласно прашањето (дали и зошто со цена најмалку 3 пати повисока од предходниот проект, и тоа без каматите), дали Вие (без јасно, прецизно и детално дефинирано проектно решение) можеби самиот го најавивте реализирањето на “најголемиот грабеж” од независноста на Република Македонија??? Дали….дали….дали??? Нов клинички центар со позајмица од комерцијални банки со високи камати (наместо кредит со ниска каматна стапка од Европската банка за обнова и развој) па тоа не го прават ни земји кои се 10 пати побогати од Република Македонија, пишува Стојаноски.
Доктор Стојаноски го повикува Филипче да провери колку чинат модерните клинички центри во нашето најблиско соседство…..потполно опремени, веќе операбилни и целосно функционални и како што вели „ќе Ви стане јасно каде е проблемот“.
–За време на вашето министерување слушнавме и за физибилити студии за јавно приватно партнерство и некаква си “централизација” во лабораториите, итната медицинска помош, стерилизацијата… и што ли уште сè не…. Каков е резултатот?! Дали и зошто првиот проект, како што Вие самиот милувавте и си го нарековте „јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија“ пропаѓа?? Зошто??? Јавноста треба да знае. Е да, се пофаливте со дури едно возило за Итна медицинска помош за градот Охрид, а пролетва набавивте вкупно 12 возила, од кои едвај 6 за градот Скопје. Знаете ли колкава беше набавката на возила за оваа служба во времето на ВМРО-ДПМНЕ? Ни помалку, ни повеќе, туку 69 возила комплетно опремени со дефибрилатор, екг и други неопходни апарати за брза интервенција, од кои за градот Скопје беа наменети онолку колку што вие сега вкупно набавивте за цела територија на Република Македонија. Значи сепак систематски и одговорно РАБОТЕЛО ВМРО-ДПМНЕ во МЗ и пред Вас!!!, пишува Стојаноски и додава „Дали можеби Вие знаете и практикувате некаква поинаква математика? Или можеби нашиот претседател, кој што милува математика, треба да не научи дека вашите 12 возила се повеќе од 69 возила на ВМРО-ДПМНЕ? Еве не знам….одговорете Вие“.