Македонија 11. јануари 2020. / 12:32

Стоилковски: Обвинителството да ја истражи улогата на Филипче во „Рекет 1“, „Рекет 2“ и „Рекет 3“

Стоилковски: Обвинителството да ја истражи улогата на Филипче во „Рекет 1“, „Рекет 2“ и „Рекет 3“

Молчи власта за „Рекет 3“ на 3 месеци пред избори. Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев. И двајцата се единствени што се појавуваат во сите рекетарски афери во Македонија! Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Зошто се молчи власта за „Рекет 3“? Зошто во Штип се уште нема болница? Зошто беше запрена градбата на болницата? Зошто е прекинат договорот со подизведувачот? Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот? Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба? Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?, прашува Стоилковски.

Името на Филипче е единственото покрај Заев што се споменува и во „Рекет 1“ и во „Рекет 2“ и во „Рекет 3“. Обвинителството мора сериозно да ја истражи аферата но и да ја преиспита неговата улога во рекетите но и во сите милионски афери при неговата работа во министерството за здравство, изјави Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ