Македонија 03. мај 2018. / 18:11

Стоилковски: Ќе се вложам за развој на вистински слободен медиумски простор во Македонија

Стоилковски: Ќе се вложам за развој на вистински слободен медиумски простор во Македонија

Новинарот Наум Стоилковски на синоќешниот состанок на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше поставен за портпарол на партијата.

Со оваа промена, ВМРО-ДПМНЕ,  планира да изврши промена во пристапот во медиумите и да воведе нов принцип на работа.

Стоилковски, кој има дваесетина години работно искуство, во МРТ, Би-Би-Си, Неделникот Република и ТВ Нова, на неговиот Фејсбук профил се огласи за новата позиција.

Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше долгогодишен новинар со значителен придонес во неделникот и порталот Република, а подоцна роботеше во Телевизија Нова, по што сега влегува во политика како гласноговорник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За портпарол беше избран и Димче Арсовски.