Додека коси пандемија на коронавирус и граѓаните не смеат да излезат од своите домови заради полицискиот час, притвореници излегуваат од притвор затоа што власта така сака. Во саботата, за време на најдолгиот полициски час во земјава Рускоска го пушти на слобода Зоран Милески – Кичеец, за кој цела јавност виде како носи торба со изрекетирани 1,5 милиони евра, заедно со Боки 13, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски
Според него, додека граѓаните гледаат да го спасат сопственото здравје, Заев и Спасовски го спасуваат Кичеец. Случајот со милионски рекет, зад кој повеќе од јасно е дека, како што рече, се крие некој од врхушката на власта застана кај Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева. Прито додаде дека Зоран Заев, кој беше директно посочуван дека знаел за случајот, останал недопрен.
Стоилковски праша дали зад ова ослободување на Кичеец се крие лично Зоран Заев!?
-Дали некој од врвот на власта се одолжува за примерниот однос на обвинетите!? И дали Рускоска по диктат на Заев го ослободи Кичеец!? Додека граѓани лежат во затвор за украдени ќебапчиња, луѓе кои цела јавност ги виде како изнесуваат торба со 1,5 милиони евра изрекетирани пари, се пуштаат на слобод, вели Стоилковски
Стоилковски додаде дека сите инволвирани во криминалите на власта треба да знаат дека прекршувањата на закон за време на вонредна состојба се исто така кривично дело, за кое еден ден ќе треба да се одговара. Сите прекршувања на законот, заобиколување на процедурите и поигрување со правдата ќе бидат санкционирани, заклучи тој.