Македонија 08. јули 2019. / 14:34

Стоилковски: Антикорупциска да постапи по случајот со Дојчинов кој врши две функции

Стоилковски: Антикорупциска да постапи по случајот со Дојчинов кој врши две функции

Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција, објави дека лицето Ташко Дојчинов врши две функции – претседател на Советот на општина Гевгелија и член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

Според ВМРО-ДПМНЕ станува збор за кумулација на две функции, едната избрана, а друагта именвана, што е спротивно на законот.

– Ташко Дојчинов е избран Претседател на Советот на Општина Гевгелија, претседава со Советот на оваа општина од октомври 2017 година, а од октомври 2018 година, една година подоцна истовремено додека е функционер во Гевгелија, од Собранието на Република Македонија е и именуван за член на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. – соопшти Стоилковски.

Тој потсети дека оваа теме во јавноста постоела, но Антикорупциска не реагираше.

– Антикорупциската комисија не реагираше. Но, не реагираше ниту Дојчинов, кој што е свесен дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупцијата не смеел да биде именуван на втора функција. Тоа претпоставува негова умисла за тоа што во периодот од октомври лани до мај годинава противправно се стекнал со околу 900.000 денари. Овие најмалку 900.000 денари до мај годината, се пари кои што ги добивал по основ на бруто плата, но и закупнина за стан и трошоци во Скопје. Со тоа постојат услови за кривична одговорност и можност за враќање на парите во државниот Буџет. – вели Стоилковски и кажа дека ДКСК сега има претставка од ВМРО-ДПМНЕ.