Македонија 18. август 2020. / 10:39

Средбата Заев-Ахмети закажана за во 14 часот

Средбата Заев-Ахмети закажана за во 14 часот

Заев и Ахмети се на чекор до финален договор кој ќе треба да обезбеди 61 пратеничко столче во Собранието за формирање на новата Влада. Нивната средба е закажана за денеска во 14 часот во клубот на пратеници по што се очекуваат изјави за медиумите, јавува Сител.

Дека преговорите се практично финализирани покажува и фактот што СДСМ за утре веќе има закажано седници на двете највисоки партиски тела, централниот и извршниот одбор на партијата кои треба и формално да дадат зелено светло за договорот кој Заев ќе го потпише со Ахмети.