Беса на Билал Касами 99 отсто ќе биде новиот владин партнер, брифира за порталот Плусинфо висок функционер на Беса по вечерашната средба меѓу премиерот Зоран Заев и Касами.
Сосатнокот меѓу Заев и Касами за проширување на владеачкото мнозинство се одржал синоќа во 20 часот и треал некаде час и половина.
Функционерот од Беса за Плусинфо брифира дека на средбата се разговарало за подготвеноста на Беса да биде дел од Владата. Средбата Заев – Касами, вели функционерот е потврда на принципиелниот став на Беса да ја поддржи Владата на седницата за интерпелација и оттука Заев, разговорите за зголемување на владеачкото мнозинство ги почнал токму со Касами.
– Беса 99 отсто ќе биде дел од Владата. Има готовност да добиеме едно ресорско министерство, но допрва ќе има разговори за поделбата на власта – изјавил за Плусинфо функционерот на Беса.