Македонија 20. октомври 2019. / 22:42

Средба на Заев со лидерите на помалите коалициски партнери

Средба на Заев со лидерите на помалите коалициски партнери

Вечерва во седиштето на СДСМ се одржува средба меѓу партискиот лидер Зоран Заев и првите луѓе на помалите коалициски партнери на СДСМ.

Се очекува на средбата Заев да ги информира лидерите на партиите членки на коалицијата на СДСМ за резултатите од лидерската средба што попладнево се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

На лидерската средба во вилата „Водно” беше договорно предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година и беше искажан јасен државен консензус дека лидерите на релевантните партии стојат зад идејата Република Македонија што е можно поскоро да ги почне преговорите за членство во ЕУ и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка на Унијата.