Македонија 20. февруари 2020. / 19:10

Спасовски им потпиша лиценци на уште пет компании за одгледување на марихуана

Спасовски им потпиша лиценци на уште пет компании за одгледување на марихуана

Иако е на чело само на техничка влада за спроведување на изборите, техничкиот премиер Оливер Спасовски им потпиша лиценци за одгледување на медицинска марихуана на уште пет компании.

Како што е објавено на Службен весник, на 41. владина седница оддржана на пред 5 дена (15.02.2020), две компании добиле согласност за одгледување на канабис за медицински цели, меѓу кои „Сејф Фарма“ од Демир Капија и „Чилам“ регистрирана во Скопје.

Еден ден претходно, пак, се оддржа 38. владина седница, на која владата ѝ издала согласност за медицинска марихуана и на скопската компанија „Еурокан Земјоделие“.

Во истиот период, односно на 25. владина седница (11.02.2020 година) согласност добиле и компаниите „МБ Биоцентрум“од Скопје и „Маријупхарма“ од Богданци.

Собранието не успеа да го изгласа новиот Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, кој предвидуваше извоз не само на екстракт од марихуана, туку и на сув цвет.