„Мамицата да ти ја е..м! Ма иди во п…у матер. Која дивоградба п…..“, вака советникот на ДУИ Нефи Усеини му одговорил на новинарот на А1он.мк на прашање за продолжувањето со градежните активности на еден објект во заштитената зона на Охрид и покрај решението за уривање.
Летната тераса на објект на плоштадот Чинар почна да се гради на 9 март. На 25 март беше донесено решение за уривање, со рок од 10 дена инвеститорот тоа сам да си го направи. Но инвеститорот, Нефи Усеини, советник на ДУИ во општина Охрид, по завршувањето на изборите за градоначалник, продолжи со завршните работи на летната тераса.
Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција од инспектор од Скопје за попречување на инспекцискиот надзор на дивоградба во заштитеното јадро на Охрид.
– Испративме известување до ОЈО со кое го запознавме за настанот како и изјавите на двете страни. Обвинителството ќе треба да утврди дали постои одговорност и дали ќе го гони Усеини, изјавија од СВР Охрид.