Министерот за здравство, Венко Филипче го отстрани од фејсбук видеото кое го објави вчера.
Тој на официјалниот профил како министер за здравство објави слика од папагали како извикуваат „оставка, оставка“, како пародија на барањата на опозицијата тој навистина да си поднесе оставка бидејќи се покажа дека е најнеспособниот министер.
Од неговиот кабинет појаснуваат дека одлучиле да го отстранат видеото поради дел од коментарите на граѓаните кои сметале дека содржината е несоодветна.
-Видеото кое беше објавено на социјалните мрежи на Министерот за здравство, Филипче е пародија на неоснованите критики на опозицијата кон неговата работа како Министер за здравство во време на светска пандемија. Сепак заради дел од коментарите на граѓаните кои сметаа дека содржината е несоодветна, со сета почит кон нив, видеото е повлечено. Но, неговиот став кон неконструктивната критика од опозицијата за неговата работа и работата на Комисијата за здравство останува. Во вакви услови, без разлика на политичката опција, секој има одговорност, велат од Министерството за здравство.
На видеото објавено од министерот Филипче реагираше и опозицијата. Велат дека е самно и дрско тоа што Филипче наместо да спасува животи си објавува пародии и видеа со папагали.
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да спасува животи си објавува пародии со папагали