Со измените во новиот закон за Јавно обвинителство аудио снимките односно „бомбите“ ќе се сметаат за доказ само за веќе отворените случаи, но не и за случаите кои во иднина би се отворале.
Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение веќе објави дека ќе го поддржи законот за Јавно обвинителство.
Тие во соопштението наведоа дека договориле:
– Јавното обвинителство повеќе да не може да заснова обвинение врз основа на незаконски прислушкувани материјали;
– Согласно забелешките на сите присутни експерти на јавната расправа во однос на преносот на надлежностите од СЈО во ОЈО, а во духот на времениот карактер за кој СЈО беше формирано, предложиле преземање на предметите од јавните обвинителства согласно надлежностите утврдени со законот;
– Обвинението за случаите Талир 1 и Талир 2 поднесени после законскиот рок се обвиненија во кои отпаѓаат незаконски прислушкуваните материјали, и со тоа, додаваат – ја исправаме неправдата, односно даваме фер шанса сега без незаконски прислушкуваните материјали да ја докажат невиноста и неаргументираноста за постоење на овие случаи;
На крајот предложено е уништување на незаконски прислушкуваните материјали, на прецизен начин, јасно опишано во овој закон.