Македонија 22. јануари 2021. / 16:03

Сметководителите во вторник на протест пред Влада

Сметководителите во вторник на протест пред Влада

Група сметководители и овластени сметководители најавија организиран протест на 26 јануари, вторник, во 12 часот пред Владата. Тие бараат прием од претставници на Владата и од претставници од сите институции задолжени за измените согласно нивните барања. Тие денеска побараа да се пролонгираат роковите за поднесување годишна сметка.

Барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Влада на РСМ на ден 18 јануари е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози за нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години – велат сметководителите.

Во земјава има 10.000 сметководители. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија и нивната примена на среден рок ќе бидат причинско-последична врска за квалитетот на даночното, односно финансиското известување, кое што е сигнификантно за даночната и економската политика на државата, порачуваат тие.