Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на Твитер ја демантираше веста која ја објави „Економски Лидер“ за вмрежаноста на премиерот Зоран Заев со контроверзниот руски бизнисмен Иван Савидис, кој е посочен како главен финансиер на про-руските активности во Македонија.
Бошњаковски на Твитер вели дека наскоро компанијата „СЕКЕ“ од Крушево, која е во сопственост на Иван Савидис, ќе испратела соопштение за веста на „Лидер“, па оттука го прашуваме портпаролот, ако власт не е вмрежана, од каде знае дека компанијата ќе објави соопштение?
– Информацијата објавена на порталот Лидер со наслов “Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести!” е целосно неточна и е лажна вест. Премиерот Заев нема никаква поврзаност со компанијата од текстот. Наскоро соопштение од компанијата Секе од Крушево – објави Бошњаковски на Твитер.
Портпаролот, од друга страна, тврди дека веста е лажна, но не наведува што е лажно во неа. Дали тоа дека институциите не презедоа ништо за тврдењата дека Савидис финансирал протести во Македонија? Или дека доскорешниот директор на ДЗИ е прокурист во фирмата на Савидис или дека Заев неколку пати бил гостин во неговиот хотел Македонија? Сите овие информации ги имаме документирано во нашето истражување, кое може да го прочитате ТУКА.
Информацијата објавена на порталот Лидер со наслов “Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести!” е целосно неточна и е лажна вест. Премиерот Заев нема никаква поврзаност со компанијата од текстот. Наскоро соопштение од компанијата Секе од Крушево.
— Миле Бошњаковски (@portparolVRM) November 3, 2018