Македонија 16. ноември 2020. / 00:10

Славески до Заев: Aко ја терате легализацијата на марихуаната ќе се соочите со жесток одговор на јавноста

Славески до Заев: Aко ја терате легализацијата на марихуаната ќе се соочите со жесток одговор на јавноста

Доколку го терате проектот за легализација на марихуана за рекреативни цели вие ќе се соочите со жесток одговор на македонската јавност му порача професорот Трајко Славески на премиерот Зоран Заев.

Не би полагал никаква надеж за некои дополнителни приходи и поддршка на некои дејности како што се угостителство, туризам и така натаму затоа што штетата што ќе биде направена во македонското општество од таквиот либерален пристап за кои некои други земји се посредени, повоздржани ќе биде голема, додаде Славески.