Доколку го терате проектот за легализација на марихуана за рекреативни цели вие ќе се соочите со жесток одговор на македонската јавност му порача професорот Трајко Славески на премиерот Зоран Заев.
-Не би полагал никаква надеж за некои дополнителни приходи и поддршка на некои дејности како што се угостителство, туризам и така натаму затоа што штетата што ќе биде направена во македонското општество од таквиот либерален пристап за кои некои други земји се посредени, повоздржани ќе биде голема – додаде Славески.