Македонија 29. мај 2018. / 19:32

Скопското јавно обвинителство ги отрфрли кривичните пријави на СМК против Заев и Димитров

Скопското јавно обвинителство ги отрфрли кривичните пријави на СМК против Заев и Димитров

Експресно скопското обвинителство одлучи да ги отфрли кривичните пријави што ги поднесе Светскиот македонски конгрес против премиерот Заев и министерот за надворешни работи – Димитров.

Организацијата ги поднесе пријавите заради повеќе кривични дела – „повреда на угледот на Република Македонија“, „излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците“, „велепредавство“, „загрозување на независноста“, „здружување заради непријателска дејност“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и за кривично дело „самовластие“.
Обвинителството утврдило дека во дејствијата на пријавените лица не се исполнети битните елементи на пријавените кривични дела, ниту, пак, на друго кривично дело кое се гони по службена должност.
Во пријавата на Светскиот македонски конгрес се наведува дека двете лица сториле и кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
 „За ова кривично дело, согласно со чл.31 ст.1 алинеја 4 од Законот за јавно обвинителство, надлежно е Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Поради тоа, кривичната пријава е препратена на надлежно постапување во ова јавно обвинителство“, велат од Обвинителството.