Министерството за одбрана продолжува со низата скандали предводени од министерката Радмила Шеќеринска. Со катастрофалната нова структура на сили, со која се згасна Полкот за специјални операции – популарните „Волци“, се укинува сквадронот на борбени хеликоптери, се маргинализира тенковскиот баталјон во „Б“ формација, лошата одбранбена политика продолжува преку политизација и партизација на воената професија, објави Нетпрес.
Почнаа и првите поставувања согласно новата структура на сили и на клучните позиции се поставува исклучиво партиски послушници, иако не ги задоволуваат основните критериуми во описот и пописот на работното место.
За командант на вториот пешадиски баталјон во Штип е поставен потполковник Стојанче Костов, истакнат член и активист на СДСМ, кој во 2017 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации му има врачено решение со кое го одбива да му издаде безбедносен сертификат со степен „Државна тајна“.