Владата го скрати делот од говорот на премиерот Зоран Заев, во кој ја даде антисемитистичката изјава дека Холокаустот е еврејска традиција.
Во говорот Заев, на комеморативна свеченост што се одржа во Националната установа македонски народен театар Скопје, по повод одбележување на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка, кажа дека Холокаустот не бил само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна.
– Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна. – изјави Заев.
Од Владата, во видеото овој дел го скратија, а тоа може лесно да се забележи. Кратењето е очигледно во 2:29 минута.
Погледнете го, па направете споредба со оригиналното видео подоле.
Инаку еве го видеото кое го објавивме претходно со целосната скандалозна изјава на премиерот: