Лавина реакции предизвика денешната одлука на министерот за здравство, Венко Филипче, на државна сметка во македонското здравство да се прават операции за промена на полот.
Филипче најави дека операциите ќе ги врши српскиот хирург Мирослав Ѓорѓевиќ, по што истражувавме и дојдовме до податоци дека се работи за контроверзен доктор – кој бил јавно критикуван и од кабинетот на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Докторот кој го донесе Филипче во Македонија е на удар од Тони Паркенс, кој пак е еден од највлијателните советници на претседателот на САД, Доналд Трамп, кога се во прашање овие теми. Освен што е дел од советодавниот одбор на американскиот претседател и што е еден од најблиските соработници на потпретседателот, Мајк Пенс, Паркенс е и претседател на „Family Research Council“, една од највлијателните конзервативни истражувачки институти во САД.
Во својата колумна насловена „Дури и докторите за промена на пол сега се сомневаат за транвеститството“, Паркенс го коментира токму хирургот кој сега министерот Венко Филипче го носи во Македонија за бесплатно да прави операции за промена на пол.
Според советникот на Трамп, овој доктор е не е нормален и морален хирург.
-Др. Мирослав Ѓорѓевиќ не е нормален хирург! Тој стана славен пред две декади, кога направи име од себе како еден од првите хирурзи кои почнаа да прават промена на пол. По многу години поминати во трансформирање на мажи и жени во спротивниот пол, во тело во кое не биле родени, тој почнал да разбира нешто: Дека процедурата за промена на пол не ги прави пациентите среќни. Позади знамето на трансексуалците и парадите на гордоста, овие луѓе чувствуваат болка. – пишува Паркенс.
Понатаму во својата колумна, Паркенс објаснува како докторот кој сега Филипче го носи во Македонија во многу наврати имал случаи во кои луѓе кои направиле операција за промена на полот се враќале и барале да им биде вратен претходниот пол – но тоа е невозможно.

-На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград. Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција. – изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.
Контроверзниот Ѓорѓевиќ, кој сега со државни пари бесплатно ќе менува полови во Македонија, и покрај тоа што голем дел од пациентите се каеле и биле со тешки психички проблеми – продолжил да ја обавува својата работа, а сега доаѓа и во нашата земја.
Голем процент од лицата кои менуваат пол извршуваат самоубиство, лани имаше еден таков случај и во Македонија, но и покрај тоа, министерството за здравство ја легализира оваа операција и ја прави бесплатна.