Македонија 26. март 2018. / 22:25

Синдикатот на Еурокомпозит со протест пред фабриката

Синдикатот на Еурокомпозит со протест пред фабриката

 

Утринава во периодот од 8:00 до 09:30 часот, членовите на синдикатот на прилепски ,,Еурокомпозит,, беа на протест пред влезот на фабриката. Претседателот на синдикатот, Роберт Богдановски,  вели дека утринава од раководството ја добиле одлуката дека им е забранет влез во фабриката поради суспензиите на синдикалните членови, пренесоа медумите.

– Кога дојдовме ја видовме одлуката од директорот дека не смееме да влеземе во фабрикатапоради суспензиите што ние не ги признаваме. Вработените беа присутни од изутрината и штрајкуваа, дел влегоа во погоните, дел си заминаа. Им укажавме на вработените да одлучат како сметаат и доколку сакаат да влезат во погоните, ние нема да ги спречиме, ниту имамеправо на тоа. Но, се изјаснија дека сите ни ја даваат поддршката, изјави Богданоски.Како што пренесоа повеќе медиуми, од синдикатот велат, дека заради најави дека ќе се смени раководството не излегле на блокада на патниот правец Прилеп-Градско.