Новинарот Бранко Героски кој минатата недела си даде оставка од раководното место во провладиниот весник „Слободен Печат” денеска е мета на жустри вербални напади од страна на симпатизери на владата и СДСМ, пишува Експрес.
Причината е неговата колумна во која пишува за обидот за киднапирање на прославата на РК Вардар од страна на власта.
Меѓу мнозината кои со погрдни зборови му се обраќаат на Героски е и професорката Биљана Секуловска Габер чиј сопруг е шеф на комисијата за историја и образование со Грција, а ќерката и е висок функционер во владата на СДСМ и ДУИ.
Според Габер, Героски не може да разбере колку е голем Шилегов на кого во голем дел се однесува колумната.
– Срамен напис!!! Така е веројатно бидејќи одамна се заборавило што значи државничко, културно и воспитано однесување, независно колкумина ќе го разберат…
Жално е што токму затоа текстописецот дури не е ни во состојба да ја разбере големината на Градоначалникот!!! – пишува Габер во критиката за Героски.
Тој е нападнат и од граѓани блиски до власта.
– Геро има сериозни психички проблеми. – пишува извесен Сашо Молчанов.
Хирургот Ѓорѓи Јота, пак, напиша дека Героски застанал на фашистичката страна.
– Петре е посебна тема за дискусија но со ова писание Геро застана на страната на фашистичката, насилничка, бандитска багра која скандираше она што и беше сервирано од базата. Да се чита понатаму овој измеќар е навистина губење време. – пишува хирургот Ѓорѓи Јота за Героски.
Друг симпатизер на власта, Александар Ангеловски, пак напиша: „Да му се фатите на Петре. Со обете раце”.