Шпанскиот премиер Пендро Санчез му дал ветување на премиерот Зоран Заев дека неговата земја мошне скоро ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
Заев вчера на маргините на Самитот на НАТО во Лондон добил лично уверување од Санчез дека Шпанија многу скоро, во јануари ќе ја депонира ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја за членство во НАТО во Вашингтон.
Ратификацијата на Протоколот останува да биде завршена уште во оваа земја, каде на почетокот на минатиот месец се одржаа избори, но таму треба да се формира новата Влада.
По изборите во ноември, шпанските пратеници завчера се вратија во Парламентот, но и понатаму нема јасни знаци дека наскоро ќе биде формирана нова влада и ќе бидат избегнати нови избори. Кралот Фелипе Шестти по конститутивната седница на Парламентот следните неколку недели треба да се сретне со лидерите на парламентарните партии со цел да се избере мандатар.
Актуелниот премиер Педро Санчез има најголеми шанси да биде мандатар, бидејќи неговата Социјалистичка партија на изборите одржани на 11 октомври освои 120 пратенички места. Санчез потпиша договор со левичарската партија „Заедно можеме” (Унидас Подемос), која освои 32 места во Парламентот. За формирање владејачка коалиција потребни се 176 од вкупно 350 пратеници во Парламентот.
Делегација на Македонија, предводена од премиерот Заев вчера и завчера учествуваше на Самитот на НАТО во Лондон каде беше поздравена од генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, но и од лидерите на земјите-членки како 30 членка на НАТО.