Македонија 02. јуни 2019. / 17:35

Шилегов избегнува да ја спомне Македонија, граѓаните реагираат: Се плашиш бруко!

Шилегов избегнува да ја спомне Македонија, граѓаните реагираат: Се плашиш бруко!

Откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот фејсбук профил објави дека вечерва на видео -бим на плоштадот Македонија ќе се врши пренос од ракометот Вардар – Веспрем, финале во Лига Шампиони, граѓаните револтирани од начинот на кој тој повика сите да ги подрат ракометарите од македонскиот клуб, пишува Република. Во ниту еден момент не спомна Македонија, па дури ни кога кажа дека на плоштад ќе има видео-бим. Плоштадот се вика Македонија, ама не и за скопскиот градоначалник. Покрај тоа, тој повика „Еден е Вардар, едно е Скопје“, но не и „една е Македонија“.

Низ низата коментари од граѓаните ќе сретнете:

Се плашат да изговорат Македонија, бруки

Името на плоштадот е Македонија а со прилепување на успехот на колектив чиј играч го ословивте како ментално нестабилен само тонете што подолу

Што закочи море. еден е вардар, едно е скопје, една е МАКЕДОНИЈА.

А што не ја спомна и „една е Македонија“ или се плашиш од Зајко ваш!