Македонија 11. февруари 2020. / 13:02

Шест дена пред да го пријави рекетот Заев си пишувал со Боки: Нè очекуваат крупни одлуки

Шест дена пред да го пријави рекетот Заев си пишувал со Боки: Нè очекуваат крупни одлуки

Обвинителката Ивана Трајчева на денешното рочиште за „Рекет“ презентираше докази од комуникација помеѓу Бојан Јовановски и Зоран Заев

Најпрвин уште во февруари Боки испратил скриншот од комуникацијата што ја имале со Заев до мајка си. Со Заев комуницирале неколку пати, а последната комуникација ја оствариле една недела пред тогашниот премиер да го пријави случајот.

– Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име, јас никогаш не играм двојни игри. Барам уште еднаш да размислите да се видиме – му пишува Боки на Заев.

На ова Заев му возвраќа:

– Ќе се видиме, морам да ги видам доказите, ова е чист рекет, нè очекуваат крупни одлуки, јас ова морам да го пријавам – му пишал тој шест дена пред да го пријави.