Македонија 08. август 2019. / 18:48

Шеќеринска: Ако ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО, во септември да гласа за Законот за ЈО

Шеќеринска: Ако ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО, во септември да гласа за Законот за ЈО

Опозицијата десет пати ќе зборува за избори, само да го избегне клучниот предизвик како да обезбедиме сите да одговараат за криминал и да се донесе законот за јавното обвинителство, речe министерка за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарското прашање за став за терминот на парламентарните избори, при денешната посета на прилепски „Еурокомпозит”.

Според неа, прво е битен консензусот за законот ја јавното обвинителство, особено што опозицијата, вели, се декларира дека е за ЕУ и НАТО.

Мене едно ми е јасно дека опозицијата не бара избори, туку сака да избегне дискусија, гласање, поддршка на закон кој ќе гарантира борба со криминалот и со корупцијата. Десет пати ќе зборуваат за избори, само да избегаат од клучниот предизвик, а тоа е како да обезбедиме да одговараат сите кои направиле криминал. Затоа ни е неопходна измена во Законот за јавното обвинителство, за што и тие, опозицијата, се обврзани да дадат поддршка. Партија која не се бори против криминалот и корупцијата, нема што да бара на избори. Очекуваме дека овој приоритет, кој е клучен за граѓаните и тие го бараат, е првото прашање околу кое ќе постигнеме консензус – рече Шекеринска.