Македонија 01. октомври 2018. / 13:51

Шекеринска: За 10 дена ќе се знае дали во Собранието ќе се гласа промената на името

Шекеринска: За 10 дена ќе се знае дали во Собранието ќе се гласа промената на името

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција, изјави дека во наредните 7 до 10 дена ќе се прават консултации со пратеничките групи во Собранието, со цел да се види дали уставните промени со цел промена на уставното име, можат да бидат донесени од овој парламентарен состав.

Доколку тие сметаат дека немаат доволна поддршка од пратениците, ќе се распишат предвремени парламентарни избори, се со цел да ги стигнат роковите кои се согласно Договорот од Преспа.

Таа нагласи дека дополнително ќе се залагаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да прифатат да гласаат за уставните промени.

Заев претходно најави дека избори можно е да има на 25 ноември.